Последна понуда за прекин на локаутот - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Последна понуда за прекин на локаутот

Ниту најновите преговори меѓу сопствениците на клубовите и комесарот Дејвид Штерн од едната, и синдикатот на НБА играчите од другата страна не вродија со плод. Најновата рунда на преговори траеше дури 11 часа, но двете страни не успеаја да постигнат договор за прекин на локаутот, кој што веќе трае предолги 133 дена. Сепак, комесарот на лигата, Дејвид Штерн, веднаш по состанокот откри дека на кошаркарите им била дадена нова, последна понуда, на која што ќе треба да одговорат во најкус рок. 

 

Веќе нема простор за разговори и средување на детали. Ја имаат конкретната понуда пред себе, треба да кажат да или не“ – изјави Штерн, видно изморен од долгите преговори.  

 

Американските медиуми откриваат дека на играчите им е ветена поделба на вкупните приходи на клубовите 50-50, а доколку понудата биде прифатена, новата сезона ќе стартува на 15 декември и секој од тимовите ќе одигра по 72 натпревари. Веќе е најавено дека во понеделник или во вторник во Њујорк ќе се одржи состанок на кој што ќе присуствуваат поголемиот дел од кошаркарите во лигата, на кој што ќе има гласање дали овој предлог ќе биде прифатен, за локаутот конечно да биде прекинат и во декември да биде означен почетокот на новата НБА сезона.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.