
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Последна понуда за Модриќ
- '
- Објавено: август 27, 2011 22:00
Првиот човек на Челси, Роман Абрамович, е подготвен да плати неверојатни 40 милиони фунти за да го доведе во својот тим хрватскиот интернационалец во дресот на Тотенхем, Лука Модриќ. Челниците на Тотенхем веќе одбија две понуди на Челси за Хрватот, во висина од 27 и од 30 милиони фунти, но Абрамович јасно стави до знаење дека нема да жали пари за да го доведе овој фантастичен плејмејкер на „Стемфорд бриџ“.
Англиските медиуми информираат дека Челси веќе ги има договорено личните услови од овој трансфер со Модриќ и останува само уште да биде договорена висината на отштетата за овој трансфер да биде реализиран. Менаџерот на Тотенхем, Хари Реднап, неодамна призна дека Модриќ најверојатно ќе си замине од „Вајт Харт лејн“ во овој преоден рок, што ги охрабри челниците на Челси да испратат нова понуда за овој суперталентиран фудбалер. Актуелниот вицепрвак веќе го ангажираше Хуан Мата како освежување за средниот ред, но менаџерот Вилјаш-Боаш инсистира на уште едно засилување на овој дел од тимот, за Челси да може да се бори за шампионскиот трофеј.
Се шпекулира дека Тотенхем има рок до понеделник да одговори на оваа понуда на Челси. Доколку не успеат да дојдат до Модриќ, „сините“ своите погледи ќе ги фокусираат кон Весли Снајдер од Интер. Медиумите во Англија информираат дека Интер е подготвен да го испрати холандскиот плејмејкер во Лондон, но само доколку во размена за него го добие Флорен Малуда, плус доплата од 27 милиони фунти.