
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Пораз во храбра игра на Работнички
- '
- Објавено: август 24, 2011 22:00
Крај на натпреварот, одлична игра на македонскиот тим кој што
достојно го претставуваше нашиот фудбал во европските купови оваа година
90. мин. Столе Димитриевски е со аплаузи испратен од навивачите во својот
последен европски меч на голот на Работнички, пред јануарскиот трансфер во
редовите на Удинезе. На негово место во игра влегува Дамјан Шишковски
85. мин. Двата брзи погодоци на гостите ја умртвија играта, па сега и двата
тима како едвај да го чекаат крајот на натпреварот
78. мин ГОЛ ЛАЦИО… Томазо Роки ја крунисува
својата одлична партија со уште еден погодок, по одличното додавање од левата
страна на Лулиќ
75. мин. Лацијалите постигнаа уште еден погодок преку
Матузалем, но истиот е поништен бидејќи гостинскиот играч се наоѓал во офсајд
при додавањето на Томазо Роки
74. мин. ГОЛ ЛАЦИО… Работнички наивно ја загуби
топката во сопствената половина, ја прифати Хернанес, кој по двојното
проигрување со Ледезма без проблеми го постигна вториот гол за својот тим
69. мин. Козак се најде осамен на
седум-осум метри од нашиот гол, но Димитриевски уште еднаш ги покажа своите
квалитети
67. мин. Фантастична акција на
Работнички, Велковски со извонредна финта се ослободи од Дијаките, но неговиот
удар го одбрани Бизари
66. мин. Сега се закануваат
гостите, Хернанес влезе во шеснаесетникот, но неговиот шут од десетина метри
откосо заврши крај голот на Димитриевски
65. мин. Убава акција од десната
страна, Настевски го проигра Петковски, но ударот на голтетерот на Работнички
беше блокиран од гостинските дефанзивци
64. мин. Жолт картон заработи Козак, еден од најслабите поединци на
овој натпревар
63. мин. Тренерот Петрески се реши
за нова замена, во игра влезе Кирил Трајковски на местото на капитенот Борче
Маневски
59. мин. Прва замена во таборот на Работнички, Иван Настевски го замени
Муарем, кој што заработи повреда
56. мин. Втора замена кај лацијалите, Хернанес влегува во игра на местото
на Маури
55. мин. Прв жолт картон кај Работнички, го добива Мицевски
54. мин. Извонредна акција на Работнички, Тодоровски втрча по средината, го
проигра одлично во простор Маневски, но капитенот на домаќините во клучните
моменти се лизна и оваа шанса заврши во неврат
50. мин. Повторно Работнички е тимот што игра подобро, одлична акција на
домаќините што ја почна Велковски, а ударот на Тодоровски гостинскиот голман
успеа да го исфрли во корнер
46. мин. Почеток на второто полувреме, без извршени замени за време на
паузата
Крај на првото полувреме. Работнички одигра одлично, создаде шанси
и сосема заслужено стигна до израмнувачки погодок/
45. мин. Нова убава акција на Работнички, но обидот на Тодоровски
заврши над голот на гостите
39. мин. ГОЛ ЗА РАБОТНИЧКИ… Слободен удар
од преку 30 метри, Лазаревски се обиде да нафрли, топката ги префрли сите
фудбалери и го изненади Бизари, завршувајќи во неговата мрежа
36. мин. Прва замена кај римскиот клуб. Поради повреда Дијас мораше да го
напушти теренот, на негово место влезе Бијава
33. мин. По еден воздушен дуел во
шеснаесетникот на Лацио, мора да им биде укажана помош на Маневски и на Дијас
23. мин. ГОЛ ЗА ЛАЦИО… Матузалем одлично
продре од левата страна, ја уфрли топката во срцето на шеснаесетникот, а Томазо
Роки без проблеми ја затресе мрежата на Димитриевски
22. мин. Прв жолт картон на мечот,
го доби гостинскиот фудбалер Дијаките по стартот над Петковски
21. мин. Прва шанса за Лацио по
слободен удар од левата страна, но Диаките шутираше непрецизно
11.мин Нова шанса за Работнички, овојпат Вујчиќ одлично шутираше, но
Бизари повторно беше на висина на задачата
9. мин. Најубава акција на Работнички.
Велковски продре по левата страна, го проигра Маневски, капитенот одлично
шутираше од 16 метри, но Бизари маестрално одбрани
4 мин. Одличен центаршут од левата страна, но Маневски не успеа да стигне
навреме на втората статива за да ја смести топката во мрежата
2 мин. Прв
корнер за Работнички, а веднаш потоа и прва шанса за нашиот тим. Сепак, Ќумбев
не ја исконтролира топката и таа беше лесен плен за голманот Бизари
Еве ги составите на двата тима:
Работнички: Димитриевски, Лазаревски,
Богдановиќ, Ќумбев, Тодоровски, Мицевски, Вујчиќ, Муарем, Маневски, Петковски,
Велковски
Лацио: Бизари, Диаз, Скалони, Ѕаури, Дијаките, Матузалем, Цана,
Лулиќ, Маури, Роки, Козак