Поповски му одговори на Тодоров: Турново „плаче“ само кога губи! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Поповски му одговори на Тодоров: Турново „плаче“ само кога губи!

Поповски му одговори на Тодоров: Турново „плаче“ само кога губи!

Првиот човек на Хоризонт Турново, Орце Тодоров, ги „прозва“ судиите по денешниот пораз од Работнички, но тоа предизвика реакција и кај претседателот на „романтичарите“, Драган Поповски. Тој веднаш му одговори, истакнувајќи дека Турново „плаче“ само кога ќе загуби натпревар.

„Не е првпат Орце Тодоров да се жали на судиите кога ќе го загуби натпреварот. Редовно го прави тоа, па така и овојпат. Се појавува една тензија, клубовите кога ќе загубат од Работнички да се жалат на судии. Ред е и Работнички да одговори. Го гледав натпреварот и фудбалерите на Турново немаа никакви реакции за третиот погодок што го постигна Работнички, а Тодоров вели дека е постигнат од офсајд. Тој треба да ја гледа својата екипа како играше со Работнички, како играше грубо, и како за црвениот картон имаше директен старт со две нозе врз нашиот капитен Баже Илијоски. Дали е офсајд или не, има контролор на судиите, кој ќе одлучи. Тодоров нека не ги коментира судиските одлуки пред да види видеоснимка и да ја добие оценката од контролорот. Впрочем, тој дава вакви изјави само кога ќе загуби натпревар. Немаше никаков приговор кон судиите, кога на минатиот меч Хоризонт Турново ја совлада Ренова со 4-0“, вели Драган Поповски, првиот човек на Работнички.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.