Попов и Ибраими ги дознаа ривалите - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Попов и Ибраими ги дознаа ривалите

Двајцата македонски претставници во Лигата на Европа, Горан Попов и Агим Ибраими денеска ги дознаа имињата на противниците со кои што ќе се сретнат во следните три месеци во рамките на второто по квалитет европско натпреварување.

 

Попов со составот на Динамо Киев го очекуваат тешки дуели со англискиот премиерлигаш Стоук, како и со амбициозниот состав на Бешикташ од Истанбул. За аутсајдер во таа група важи тимот на Макаби. Од друга страна, Марибор на Агим Ибраими важи за аутсајдер во групата Х, каде што се најдоа уште и екипите на Брага, Бриж и Бирмингем. 

 

Најинтересно се очекува да биде во рамките од групата И, каде покрај фаворизираните Атлетико Мадрид и Удинезе, сосема реални шанси за изненадување и пласман во следната фаза им се дава и на фудбалерите на Сион (го елиминираа Селтик во претходната фаза), како и на францускиот прволигаш Рен.  

 

Група А: Тотенхем, Рубин Казан, ПАОК, Шамрок

 

Група Б: ФЦ Копенхаген, Стандард, Хановер, Ворскла

 

Група Ц: ПСВ Ајндховен, Хапоел Тел Авив, Рапид Б., Легија

 

Група Д: Спортинг Л., Лацио, Цирих, Васлуи

 

Група Е: Динамо Киев, Бешикташ, Стоук, Макаби

 

Група Ф: ПСЖ, Атлетик Билбао, Салцбург, Слован

 

Група Г:  АЗ Алкмар, Металист, Австрија Виена, Малме

 

Група Х:  Брага, Бриж, Бирмингем, Марибор

 

Група И: Атлетико М., Удинезе, Рен, Сион

 

Група Ј: Шалке, Стеауа, Макаби Хаифа, АЕК Ларнака

 

Група К: Твенте, Фулам, Оденсе, Висла К.

 

Група Л: Андерлехт, АЕК, Локомотив М., Штурм

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.