Половина Вардар со истечени договори...Кој ќе остане, а кој не?! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Половина Вардар со истечени договори…Кој ќе остане, а кој не?!

Вардар е во реконструкција, што е и повеќе од очекуван зафат ако се знае дека по двегодишната доминација во македонскиот фудбал, по доаѓањето на Сергеј Самсоненко и Самоил Симев, тимот не успеа да оствари ниту пласман во Лигата на Европа.

Рускиот тренер Сергеј Андреев замина на „заслужен одмор“ во Русија, но според сите најави неговата тренерска позиција воопшто не е доведена во прашање. Од раководството, само спортскиот директор Ѓоко Хаџиевски имаше доблест да си замине, а Самоил Симев и Мирко Спасески сега треба да го „кројат“ тимот за идната сезона, со сугестии од тренерот Андреев.

Во овој момент, речиси половина од фудбалерите на Вардар се со истечени договори, а раководството води преговори со поголемиот дел од нив за можно останување или пак заминување од клубот.

Како што дознава ЕКИПА, засега на неколкумина им е соопштено дека Вардар нема да смета на нив за следната сезона. Тоа се Александар Трниниќ, дефинитивно најголемото промашување меѓу засилувањата кои во изминатава деценија пристигнале во најтрофејниот клуб, потоа десниот бек Стеван Рељиќ, Драган Ѓорѓиев кој се враќа во Хоризонт Турново, Жарко Симјановски, Мартин Блажевски, Мирослав Јованоски…

Судбината на поголем дел од фудбалерите се уште не е позната, иако тие биле на разговори со стручните лица во клубот. Во таква ситуација се Анеј Ловречич, Раденко Бојовиќ, Владимир Димитровски, Костадин Захов, Димитрија Лазаревски, Антонио Бујчевски. За нив постои одреден интерес и да останат, но се зависи и од новите засилувања кои треба да пристигнат во Вардар во овој летен преоден рок.

Кога сме кај новите засилувања, најавите се дека во Вардар треба да пристигнат репрезентативците Бобан Грнчаров и Никола Глигоров, а преговори се водат со неколку „металурзи“. Веќе договорен е Благоја Љамчевски, меѓу посакуваните од Вардар се и Марко Симоновски, Ристо Митревски и Андреја Ефремов. Нема да биде изненадување доколку пристигнат и Владица Брдаровски од Пелистер, но и фудбалерите на Ренова, Изаир Емини и Арџент Гафури.

Секако, ќе има Вардар и неколку странски засилувања, најверојатно од Русија, Бугарија и од Србија, но за нив ќе се размислува откако ќе се направи „домашниот пазар“.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.