Почна разигрувањето во Монте-лигата - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Почна разигрувањето во Монте-лигата

Овој викенд на програмата имавме 6 возбудливи и интересни натпревари, односно разигрување од првото коло во генерација 2001. ЕЛЕНИТЕ и ЛАВОВИТЕ беа оние кои го стартуваа овој викенд. Во првата четвртина Лавовите уште не беа “разбудени”, а Елените знаеа како да го искористат тоа, па уште на самиот старт поведоа со 11-02 и до самиот крај немаа потреба да го бркаат резултатот за да дојдат до победа. Најдобар стрелец Велковиќ А. 11 поени, а со тоа си доби и награда од МОНТЕ.

 

Во вториот натпревар и покрај водството на РИСОВИТЕ во текот на целиот натпревар, сепак имаше пресврт на крајот и со минимална разлика од само еден кош, КРАПОВИТЕ си отидоа со плус два бода. Најефикасен од победничката екипа и воопшто на натпреварот беше  Шопковски со 16 поени.

 

Неизвесен трет натпревар одиграа БЕД БОИС и ЈУНИОР 2. Последната четвртина го реши победникот, односно Бед Боис ја добија со 6-4 и победија со само два поени разлика. Заслужено ја добија наградата за НАЈ-екипа на колото и следниот викенд  одат на частење во Мек Доналдс. Најдобриот стрелец Латински со 10 поени, си ја доби наградата од Генералниот спонзор МОНТЕ. 

 

По натпреварот следуваше и првата игра Мек Доналдс 2 Опен Болс каде повторно поумешни беа избраниците од О.У.А.Шопов и сите можни награди во ова коло отидоа во нивни раце. Во четвртиот натпревар се сретнаа ЈУНИОР 1 и БАСКЕТИ. Натпреварот беше решен во третата четвртина која Јуниор 1 ја доби со 19-07 и запишаа нова победа. Најдобар стрелец Сибиновски со 9 поени. По натпреварот следуваше и втората игра Цотинос Скилс Чејлинџ каде Баскетите им вратија за поразот од натпреварот на Јуниор 1.

 

На петтиот натпревар се сретнаа МАРСОВЦИ и МРЕЖИЧКИ. Уште на самиот старт Мрежичките ја потврдија фаворитската улога и поведоа со 10-05. Па до крајот само ја зголемуваа својата предност со што заслужено запишаа 2 бода на табелата. Најдобар стрелец Кировски со 10 поени. Последниот натпревар за овој викенд го одиграа ВЕРВЕРИЦИТЕ и ЅВЕРОВИТЕ. Доминацијата под кошевите на Вервериците им донесе заслужена победа. Но, и покрај победата, Ѕверовите се радуваа на двата бода поради недоволен број на играчи на Вервериците. Најдобар стрелец Димитровски Љ. со 11 поени.

 
 
Резултати: Разигрување

1 коло – Генерација 2001

Елени (Л.Ангеловски) – Лавови (Д.Крапчев 1)   25 – 20

Рисови (К.Тошев) – Крапови (Д.Крапчев 2)    23 – 25

Бед Боис (А.Шопов) – Јуниор 2           30 – 28

Баскети (П.Зоографски) – Јуниор 1    24 – 34

Мрежички (К.Неделковски) – Марсовци (К.Кепевски)    28 – 14

Верверици (Б.Миладиновци) –   Ѕверови (Г.Прличев)    32 – 24 



Елени (Л.Ангеловски) – Лавови (Д.Крапчев 1)   25 – 20

Елени: Шкоф Л., Митевски А. 4, Стефов К., Момчиловиќ И. 2, Пепиќ А. 2, Наумовски О., Ѓоргиев Г. 2, Дамјановски В. 2, Бојаџиев Б., Андев А. 2, Зафировски С. 7, Стаменковиќ В. 1,  Христовски Н. 3.

Лавови: Блажевски Д. 4, Спасовски Б., Поповиќ М. 4, Велковиќ А. 10, Грбовиќ Д. 1, Митревски М.

 

Рисови (К.Тошев) – Крапови (Д.Крапчев 2)    23 – 25

Рисови: Љумљанов 2, Сиљаноски 4, Стојановски, Јакимовски 5, Стојанов, Ѓошески, Петров, Јовановски, Ивановски, Стефановски 6, Демировиќ, Божинов 6.

Крапови: Мурџев М., Митревски М., Богдановски Д., Момировски М., Шопковски К. 16, Стојковски Д., Зејуха О., Стевановиќ М. 4, Лозановска В., Тодоровски С. 3, Калинка Ш. 2, Илиевски Д. 2.


Бед Боис (А.Шопов) – Јуниор 2           30 – 28

Бед Боис: Димитровски Х., Латински 10, Вељановска, Стојанов И. 5, Вељановски Ј. 1, Бајрам Х. 4, Стефановски 3, Дамјановски 6, Дамјановиќ.

Јуниор 2: Петрушевски 4, Кузмановски 4, Трајчевски 6, Арангеловски, Тодоровски 9, Асенов, Мициќ 1, Алексовски 6, Ѓуриќ.


Баскети (П.Зоографски) – Јуниор 1    24 – 34

Баскети: Шонтевски Ф. 4, Јовчевски Љ., Џуровски Б., Димов Б. 2, Соколов Т. 4, Коцевски И. 2, Трпески А., Трпески Д. 2, Тасевски.

Јуниор 1: Сибиновски И. 9, Кузмановски А. 8, Шумковски М., Мицев Л. 3, Настевски Х. 6, Мициќ М., Боризовски Б. 4, Димовски Б., Трајчевски М., Димитриевски М. 6.

 

Мрежички (К.Неделковски) – Марсовци (К.Кепевски)    28 – 14

Мрежички: Јовковски Д. 4, Кировски Д. 10, Јордановски А. 3, Илиевски С., Тренчевски И. 2, Димитровски М., Илиќ С. 4, Ѓошев Б. 5, Тошанов М. 2.

Марсовци: Шугаров Ф., Николовски П., Анастасовски С., Руевиќ Е., Јаневски Л., Смилевски Р. 5, Тодоровски Ф., Стојков М. 9.


Верверици (Б.Миладиновци) –   Ѕверови (Г.Прличев)    32 – 24 

Верверици: Занов М. 8, Стефков Д., Тодоровски И. 2, Тасевски К. 2, Димитровски Љ. 11, Јовковски Д. 9.

Ѕверови: Цекова Н. 4, Крстиќ Н., Митревски А. 6, Крстевски Н., Спировски М., Богески М., Анастасовски Н. 8, Какалевски Ќ., Милошевски С., Милановски Д. Поповска С., Василевски И. 2.


Табела 2001

Група А

1. Баскети 1 1 0 15 0 2

2. Елени 1 1 0 25 20 2

3. Лавови 1 0 1 20 25 1

4. Јуниор 1 1 0 1 0 15 0

Група Б

1. Мрежички 1 1 0 28 14 2

2. Бед Боис 1 1 0 30 28 2

3. Јуниор 2 1 0 1 28 30 1

4. Марсовци 1 0 1 14 28 1

Група В

1. Ѕверови 1 1 0 15 0 2

2. Крапови 1 1 0 25 23 2

3. Рисови 1 0 1 23 25 1

4. Волци 1 0 1 0 15 0

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.