Победи за Баерн Минхен и за Борусија Дортмунд - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Победи за Баерн Минхен и за Борусија Дортмунд

Баерн Минхен по претходниот пораз од Мехенгладбах, на стартот од пролетниот
дел од сезоната, триумфално го одигра 19. Коло од Бундес лигата победувајќи го
Волфсбург со 2-0.

 

Стрелци на головите за „баварците“ беа Гомез во 60. минута и Робен во
втората минута од судиското продолжение.

 

Но, и покрај триумфот Баерн не успеа да се одвои на табелата пред
„милионерите“ бидејќи и Борусија Дортмунд славеше со 3-1 против Хофенхајм.

Уште во првото полувреме со головите на Кагава во 16. минута и Гроскрауц во
31. минута Борусија Дортмунд го скрши отпорот на Хофенхајм. До крајот на дуелот
Кагава во 55. минута постигна уште еден гол, а почесниот погодок за гостите беше
дело на Џонсон во 63. минута.

 

Вердер Бремен и Баер Леверкузен ги поделија бодовите играјќи 1-1. Пизаро
погоди во 30. минута за Вердер, а Рајнарц во 57. минута за „фармацевтите“.

 

РЕЗУЛТАТИ – 19. КОЛО

Вердер – Баер Л 1-1

Баерн – Волфсбург 2-0

Борусија Д – Хофенхајм 3-1

Аугсбург – Кајзерслаутерн 2-2

Херта – Хамбургер 1-2

 

ТАБЕЛА:
Баерн М 40 бода, Борусија Д 40, Шалке 37, Мехенгладбах
36, Вердер 31, Баер Л 30, Хановер 27,…


szolj hozza: BAYERN vs WOLFSBURG 2:0 GOALS

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.