Победа на Жито Прилеп во Литванија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Победа на Жито Прилеп во Литванија

Ракометарките на Жито Прилеп славеа против Гарлијава на гостински терен со 19-22 во првиот дуел од двомечот во Купот на победниците на куповите. Со тоа тимот што го предводи Ристо Магдинчев си обезбеди голема предност во пресрет на реваншот што ќе се игра следната сабота во Прилеп.  
 
Македонскиот претставник имал водство и на полувремето со 10-12, а најдобра поединка на мечот била голманката на Жито Прилеп, романската интернационалка Михаела Лаломитеану со 19 одбрани.
 
Најефикасна во победничкиот состав на Жито Прилеп била Андреа Кликовац со пет постигнати гола, Ивана Петковска прецизно стрелала четири пати, а по трипати мрежата на литванскиот тим Гарлијава ја погодиле и Марија Штеријова, Биљана Павичевиќ и Кристина Илиоска.   

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.