По триумф над Швајцарија за зацврстување на врвот - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

По триумф над Швајцарија за зацврстување на врвот

По триумф над Швајцарија за зацврстување на врвот

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва (20.45 часот, СЦ „Јане Сандански“) ја очекува нов предизвик во претквалификациите за ЕП 2021, домашниот дуел против селекцијата на Швајцарија. Триумфот во првото коло над Словачка беше огромен чекор напред, но нашите кошаркари се свесни дека поради тоа сега никако не смее да дојде до опуштање против Швајцарците, кои според реалните можности важат за аутсајдер во групата.

Гостите допатуваа во Скопје значително ослабени и ќе настапат без помошта н Даниел Анѓелковиќ, Нејтан Јурковиц, Џонатан Казади, Марко Портанесе и Бранко Томиќ, а со проблеми се соочува и македонскиот селектор, кој повторно нема да може да смета на Александар Костоски и на Бојан Трајковски, а од овој натпревар поради повреда откажа и Кире Николовски.

Немавме многу време за анализа по враќањето од Словачка, но свесние сме дека ова е дуел што мора да се добие, за потврда на триумфот од Попрад и зацврстување на врвот на табелата. Најважно од се е да нема потценување на противникот, да излеземе на теренот и да одиграме како против Словаците“ – порачуваат од нашиот национален тим.

Влезот за натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија ќе биде бесплатен.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.