Петровиќ: Тие имаат милиони, а ние - храбро срце! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Петровиќ: Тие имаат милиони, а ние – храбро срце!

Петровиќ: Тие имаат милиони, а ние – храбро срце!

ЕКИПА во Трабзон, 

Никола Ѓуровски

Ќе биде ли „романтичен“ Трабзон за нашиот единствен преостанат фудбалски тим во Европа, Работнички, или пак ќе го паметиме како суров, ќе покаже вечерашниот реванш меч со силниот турски колектив. „Романтичарите“ дојдоа со предност од 1-0, а Трабзонспор сигурно ќе сака брзо да ја анулира и да избори пласман во плеј-оф колото за пласман во групната фаза од Лигата на Европа.

Милован Петровиќ одигра одличен меч во Скопје, се бореше храбро на средината на теренот против Кевин Констант и останатите „милионски“ вредни играчи на Трабзон, а имаше и одлична асистенција кон Баже Илијоски, која капитенот ја претвори во победнички погодок. Но, сега следи реваншот, а Петровиќ има храбар став.

miki petrovic 2

„Трабзонспор има милиони, големи фудбалски имиња во својот тим, но ние имаме предност од првиот меч и многу поважно, имаме храбро срце. Работнички знае како да игра вакви големи натпревари, храбро, цврсто, одважно, со жестока борба и многу трчање за секоја топка, на секоја педа од теренот. Трабзонспор е фаворит на хартија, но не победуваат секогаш фаворитите во фудбалот и тоа веќе го докажавме на првиот меч. Сега овде во Турција треба да одиграме уште подобро, ако сакаме на крајот уште еднаш ние да се радуваме“, вели за ЕКИПА, Милован Петровиќ.

Натпреварот меѓу Трабзонспор и Работнички се игра вечерва , со почеток во 19 часот, по македонско време.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.