
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Петрески: Пресуди искуството на противникот
- '
- Објавено: август 25, 2011 22:00
Тренерот на Работнички, Горан Петрески, не ја криеше гордоста по извонредното издание на неговите фудбалери против италијанскиот гигант Лацио. Иако повторно беа поразени, овојпат со 3-1, „романтичарите“ се прикажаа во одлично светло, создадоа неколку стопроцентни шанси и многу лесно можеше да се случи да дојдат до позитивен резултат против гигантот од Рим.
„Малку сме разочарани поради резултатот, но јас лично сум многу горд на ова издание, како и на сите претходни на моите играчи, на кои што не можам да им замерам буквално ништо. Излеговме на теренот, игравме офанзивно како што најавивме и пред мечот и мислам дека целосно ги задоволивме вкусовите на македонската фудбалска јавност. Можам да кажам дека ми е чест што сум тренер на овие момци, кои се извонредни професионалци и кои што сигурно, како Столе Димитриевски, наскоро ќе си обезбедат трансфери во големи европски клубови“ – изјави кормиларот на Работнички.
Иако беше очигледно дека темпото на игра на нашиот тим повторно осетно опадна во вториот дел од второто полувреме, Петрески смета дека причината за поразот не лежи во подобрата физичка подготвеност на противникот.
„Примивме два гола во второто полувреме, но сметам дека мечот го реши искуството, а не физичката подготвеност. Тие во своите редови имаа седум фудбалери од 27 и повеќе години, за разлика од нашиот млад тим. Можеби навидум не трчаа премногу, но многу добро знаеја како да се постават, да одземат клучна топка и потоа да ги искористат своите шанси. Моите играчи во некои моменти изгореа во желбата да направат добар потег, да истрчаат напред повеќе отколку што треба, но тука никој не смее да им замери бидејќи навистина го дадоа максимумот за да го презентираат достојно македонскиот фудбал“ – потенцираше Горан Петрески.