
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Пет ракометни гола за сеќавање на 2017: Чупиќ, Циндриќ, Лазаров…

Ракометната 2017 година ќе ја паметиме како најуспешна во историјата на клупски план, додека на репрезентативен го одржавме континуитетот од настапи на големите натпреварувања, со учество во втората фаза на СП во Франција, но и обезбедено учество за претстојното Европско Првенство.
Од бројните погодоци на нашите репрезентативци и клубови избравме пет, кои оставија свој печат на оваа 2017 година.
Двоен цепелин Лазаров – Манасков – Лазаров
Македонија се сретна со Шпанија во рамките од СП 2017, а Кире Лазаров како член на Барселона беше дополнително мотивиран против дел од своите соиграчи. Лазаров го постигна најубавиот гол на средбата, по двојниот цепелин со Дејан Манасков, погодок што потоа од страна на ИХФ беше избран и за гол број 1 на целокупното Светско првенство што се одржа во Франција.
Трајковски два пати „од гол на гол“ за една минута
Се почесто се случува голмани да постигнат погодок на ракометен натпревар, но ретко кој може да се пофали како Благојче Трајковски, кој за една минута даде два пгодоци од сопствената половина, и тоа на меч од Светското првенство. Навистина, ривал ни беше аутсајдерот Ангола, но тоа не ја намалува снајперската прецизност на нашиот чувар на мрежата, кој сигурно засекогаш ќе го памети својот мундијалски настап.
Лука Циндриќ со „проектил“ за Барса, Вардар е во финале
Бајката во Келн почна со полуфиналето против Барселона. Резултатот беше израмнет, 25-25, Гонзалес побара тајмаут за да го договори последниот напад, а Лука Циндриќ реализираше. Хрватот испрати проектил од десетина метри што заврши зад грбот на Гонзало Перез де Варгас, за црвено-црна еуфорија и пласман во големото финале.
ЧУПИИИИИЌ – Вардар е европски шампион
Моментот за историја што засекогаш ќе биде запаметен во македонскиот спорт – Иван Чупиќ го матираше Омејер, а Вардар се искачи на тронот на европскиот ракомет. Повторно Раул Гонзалес зеде тајмаут и ги испланира последниот напад, а ракометарите го одработеа беспрекорно – завршувајќи со зицер позиција од крило што Чупиќ ја претвори во гол за европска круна.
Погледнете го самиот финиш од големото финале, зачинет со голот за победа.
Шилегов како Дибиров – им скрши „кичма“ на Бразилците
Македонија го играше клучниот меч од групната фаза на младинскиот мундијал против Бразил и избраниците на Темелковски по огромна битка го зедоа скалпот на „кариоките“. Крај на надежите на противникот за камбек стави крилото Мице Шилегов, кој во стилот на Тимур Дибиров го матираше бразилскиот голман и донесе „плус три“ на помалу од три минути до крајот.
Advertisement
Останато од категоријата
10:17
10/01/201809:41
10/01/201809:06
10/01/201808:28
10/01/201822:39
9/01/201822:17
9/01/201822:05
9/01/2018-
21:40
9/01/2018 21:22
9/01/2018-
21:02
9/01/2018 -
20:44
9/01/2018 20:06
9/01/201819:54
9/01/2018-
19:33
9/01/2018 -
19:17
9/01/2018
08:58
22/09/201514:35
1/07/201417:48
20/01/201417:50
27/01/201622:17
6/07/201716:06
29/07/201512:37
2/09/201517:01
9/11/201515:34
19/03/201523:52
20/02/201608:12
15/03/201220:06
9/01/201815:04
6/11/201319:44
30/10/201522:17
9/01/2018