Песоа ја откажа Македонија, пораз на стартот на „Трофеј Карпати“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Песоа ја откажа Македонија, пораз на стартот на „Трофеј Карпати“

Песоа ја откажа Македонија, пораз на стартот на „Трофеј Карпати“

Македонската ракометна репрезентацијa со пораз го стартуваше настапот на „Трофеј Карпати“, губејќи во пресметката со Бразил со резултат 19-32. Нашиот национален тим речиси цело прво полувреме му парираше на поквалитетниот противник, но немаше сили да го издржи темпото, па со пад на ритамот во вторите 30 минути на крајот претрпе убедлив пораз. Мора да се истакне и влијанието на поранешната голманка на Вардар, Мајса Песоа, која по влегувањето во игра на стартот од второто полувреме со бројни интервенции ги откажа нашите репрезентативки.

По цели шест минути без постигнат погодок првиот гол на мечот за Македонија го постигна Елена Ѓорѓиоски, најавувајќи го своето одлично прво полувреме во кое постигна шест погодоци. Одбраната функционираше беспрекорно во првите десетина минути, во кои не им дозволивме на противничките да се одлепат, а кога Бразилките влегоа во ритам, истото го сторија и нашите ракометарки во нападот, па мечот беше „егал“ се до пред самиот крај на полувремето. Тогаш, при резултат 13-14 исклучување заработи Сара  Ристовска, по што Бразилките набрзина поведоа со 13-16, потоа и промашија цепелин со звукот на сирената од првото полувреме.

На самиот старт од второто полувреме на голот на Бразил застана поранешната „вардарка“ Песоа, одбраната на „кариоките“ доби на свежина, па и предноста ексресно двојно се зголеми, на 13-19. Првиот погодок во полувремето Македонија го псотигна во 37. минута од пенал, но со тоа не ги запре налетите на бразилскиот состав, кој целосно го контролираше мечот во второто полувреме. На почетокот од 54. минута противникот за првпат стигна до двоцифрена предност (18-28), за на крајот натпреварот да заврши со убедливи 19-32 за Бразил.

Елена Ѓорѓиевска беше најефикасна во македонската репрезентација со шест гола, три постигна Сара Ристовска, а по два гола реализираа Теодора Керамичиева, Елена Ливриниќ и Јована Саздовска.

Нашите репрезентативки утре во рамките од второто коло од овој силен турнир ќе се сретнат со домаќинот Романија.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.