Перфектен старт за Ангеловски, блесок на Трајковски, „четворка“ за Црногорците - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Перфектен старт за Ангеловски, блесок на Трајковски, „четворка“ за Црногорците

Перфектен старт за Ангеловски, блесок на Трајковски, „четворка“ за Црногорците

Македонската фудбалска репрезентација ја совлада селекцијата на Црна Гора со 4-1 на пријателскиот натпревар што се одигра на арената „Филип Втори“. Тоа е одлично деби за новиот селектор Игор Ангеловски, но и најава за многу подобри резултати на „црвено-жолтите“ во идниот период. Секако, и покана за гледачите да се вратат на трибините, со оглед дека ваквиот приод на фудбалерите заслужува многу повеќе од само 500 гледачи на трибините.

По почетниот период во кој и двете селекции играа во грч, Македонија експлодира со три гола во период од пет минути. Ванче Шиков го постигна водечкиот гол за нашата селекција, по одбиена топка во противничкиот петерец, откако Агим Ибраими упати одличен удар од левата страна, а Полексиќ боксуваше толку до ногата на нашиот капитен.

mkd - cg 2

Три минути подоцна Агим Ибраими фантастично го надмудри Баша по десната страна, тој го фаулираше во шеснаесетникот, а судијата Ивајло Стојанов покажа на белата точка. Александар Трајкобски беше стрелец на ударот од белата точка.

Напаѓачот на Палермо во 40.минута го постигна својот втор гол и зголеми на убедливи 3-0, откако одлично беше проигран од Иван Тричковски од левата страна.

Во вториот дел, Македонија продолжи со головите, а Трајковски стигна до својот прв хет – трик во националниот тим. Во 64.минута, по асистенција на нововлезениот Несторовски излезе сам пред Полексиќ и рутински го матираше. Со тоа влезе во друштвото на Бошко Ѓуровски, Артим Шаќири, Дејви Главевски.

Во самата завршница, во 89.минута, Стеван Јоветиќ постигна почесен погодок за Црногорците, тресејќи ја мрежата на Столе Димитриевски со удар од 20 метри

Одлична претстава на Македонија и надеж за многу подобро утре…

mkd tim

МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА  4-1 (3-0)

Арена „Филип Втори“. Гледачи: 500. Судија: Ивајло Стојанов (Бугарија). Стрелци: Шиков 35’, Трајковски 38’ пен., 40’, 64’ (Мак) – Јоветиќ 89’ (ЦГ).

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристовски, Шиков, Мојсов, Жута, Стјепановиќ (72’ Брдаровски), Глигоров, Тричковски (57’ Петровиќ), Ибраими, Трајковски (83’ Илијоски), Велкоски (58’ Несторовски).

ЦРНА ГОРА: Полексиќ, Савиќ, Баша, Симиќ, Томашевиќ, Бољевиќ, Н. Вукчевиќ, Родиќ, Марушиќ, Јоветиќ, Беќирај.

Уште играа: Вучиниќ, Зверотиќ, Мандиќ, Мугоша, Кашчелан, Балиќ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.