Пепи Манасков песимист: Македонија е лимитирана, втората фаза ќе биде успех - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Пепи Манасков песимист: Македонија е лимитирана, втората фаза ќе биде успех

Пепи Манасков песимист: Македонија е лимитирана, втората фаза ќе биде успех

Додека македонската јавност со еуфорија го очекува почетокот на ЕП 2018, Пепи Манасков е еден од ретките кои се песимистички расположени во пресрет на новиот континентален собир. Легендата на македонскиот ракомет во разговор за „Балкан хендбол“ открива зошто не верува премногу во успех на нашиот национален тим во Хрватска.

Очекувам поинаква Македонија, бидејќи бековската линија е подмладена. Талески и Кузмановски би требало да го покажат својот квалитет. Се уште не се зрели, но напредуваа играјќи за своите клубови. На десната страна го имаме Кире Лазаров, но тој веќе е во години и прашање е колку ќе може да го издржи напорното темпо на ЕП. Факт е дека Македонија е лимитирана, нема голем избор на бековските позиции. Ќе имаме проблеми, бидејќи имаме една постава, но не и премногу алтернативи. Ако голманите не бидат на завидно ниво, ќе имаме огромни проблеми“ – вели Манасков за „Балкан хендбол“.

Што се однесува до пласманот на овој европски шампионат, поранешниот „бомбардер“ смета дека самиот пласман во втората рунда би бил голем успех.

Ја разбирам еуфоријата, нормално е луѓето да ја сакаат својата репрезентација, да сакаат да стигнат што подалеку. Сепак, реалноста и желбата често не се исто. Пласманот во вториот круг би бил успех, се повеќе од тоа би било супер“ – порачува Пепи Манасков.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.