Пепи Манасков: Да сум репрезентативец ќе ми е срам од пораз од ваква Белорусија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Пепи Манасков: Да сум репрезентативец ќе ми е срам од пораз од ваква Белорусија

Пепи Манасков: Да сум репрезентативец ќе ми е срам од пораз од ваква Белорусија

Легендата на македонскиот ракомет Пепи Манасков, анализирајќи го последниот натпревар за нашата селекција на Европското првенство во Полска, не може да го прифати поразот од селекција со квалитетот каков што денеска на паркетот демонстрираше Белорусија.

Според Манасков, кој гостуваше во рамките на програмата за ЕП на МТВ, срамно е да се дозволи пораз од ваква Белорусија која на терен „експериментираше“ со млади ракометари.

„Не знам што се случува во репрезентацијата. Белорусија игра со еден шарен состав во кој нивниот селектор очигледно им дава шанса на младите ракометари, а ние не играме ниту одбрана ниту напад. Јасно е дека македонската јавност не заслужува едно вакво издание од ракометарите. Да сум репрезентативец, мене ќе ми биде срам по пораз од една ваква Белорусија“ – истакна Манасков на полувремето од денешниот дуел, јасно посочувајќи дека освен победа денеска беше рушење на рејтингот на македонскиот ракомет.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.