Пенезиќ: Ова нека биде наша година во ЛШ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Пенезиќ: Ова нека биде наша година во ЛШ

Пенезиќ: Ова нека биде наша година во ЛШ

Ракометарките на Вардар ги стартуваа подготовките за вториот дел од сезоната, а хрватската интернационалка Андреа Пенезиќ вели дека тимот треба да продолжи во исто темпо во ЛШ. Целта е да се нападне врвот на Европа, кој минатата сезона избега ‘за влакно’ во големото финале.

„Добро го одработивме првиот дел од сезоната. Ние сме единствена екипа без пораз. Имавме и доволно време за одмор и сега сме подготвени да тргнеме. Сакам да продолжиме со исто темпо и сакаме да ја победиме секоја екипа за да имаме во четврт финалето полесен противник. Го напаѓаме врвот на Европа и се надеваме дека ќе се пласираме на Ф4 турнирот и ќе се обидеме да го освоиме. Миаслам дека лани бевме многу блиску, еден гол разлика, беше чиста среќа. Не можам да кажам дека Ѓер беше поискусна, туку за такво нешто треба и малку среќа. Годинава и ние сме поискусни и се надевам дека ова е наша година”, вели Пенезиќ.

На 19 и 21 јануари, вардарки играат натпревари со Будуќност и со Крим во ВРХЛ лигата, а на 27 јануари се домаќини на Мец во првото коло од главната фаза во ЛШ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.