Пелистер со цел плен против Работнички, Шкендија им се врати победите, Вардар стандарден - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Пелистер со цел плен против Работнички, Шкендија им се врати победите, Вардар стандарден

Пелистер со цел плен против Работнички, Шкендија им се врати победите, Вардар стандарден

Пелистер со големи три бода си замина од „Телеком Арена“ победувајќи го Работнички со 0-1, идентично славеше и Вардар против Брегалница во Кочани, а и Шкендија им се врати на победите, со триумфот од 1-2 против Победа во Битола. Ренова освои три бода (1-0) против Шкупи, а Македонија ЃП и Силекс ремизираа (1-1).

Актуелниот шампион Вардар ја исполни целта, ги освои трите бода во Кочани против последнопласираниот тим на Брегалница, иако работата не одеше глатко. Штипјани грчевито се бранеа, а бункерот сепак го проби Евгениј Новак со погодокот во 64.минута од средбата.

Шкендија ја надмина кризата и оствари триумф по пауза од три натпревари. Тимот од Тетово славеше против Победа (1-2) на гости во Битола. Жуниор во четвртата минута го отвори резултатот, Николче Шаркоски израмни во 40.минута, но Бесарт Ибраими на стартот од вториот дел повторно донесе водство за Шкендија.

IMG_0455

Пелистер го совлада Работнички на „Телеком арена“ во Скопје со 0-1. Лукас Кардосо во 87.минута го постигна победничкиот погодок за битолскиот прволигаш. „Ркмантичарите“ можат да жалат, затоа што Бојан Најденов во 26.минута не успеа да реализира пенал, промашувајќи го целиот гол со удар од 11 метри. Силјановски беше соборен во шеснаесетникот на гостите. Во самата завршница, Лукас Кардосо имаше пробив по левата страна, шутираше, топката удри во Момчило Рашо, го префрли голманот Шишковски и заврши во мрежата.

Ренова го совлада Шкупи во Тетово со 1-0, со голот на Емран Рамадани во 81.минута од натпреварот.

makedonija-sileks-2

Македонија ЃП и Силекс во Ѓорче Петров ги поделија бодовите, играјќи 1-1. „Лавовите“ дојдоа во водство со погодокот на Кристијан Костовски во 55.минута, а израмни Александар Пановски во 78.минута.

ПРВА ЛИГА, РЕЗУЛТАТИ (13.КОЛО)

БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР 0-1

ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА 1-2

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 0-1

МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 1-1

РЕНОВА – ШКУПИ 1-0

Табела: Вардар 31, Шкендија 24, Пелистер 22, Работнички 20, Ренова 19, Силекс 15, Шкупи 14, Победа 10, Македонија ЃП 10, Брегалница 8.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.