
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Пауел нема да трча на 100 м.
- '
- Објавено: август 24, 2011 22:00
Усеин Болт не би требало да има проблеми да дојде до златен медал на СП 2011 во Даегу во дисциплината на 100 метри, откако и неговиот втор најголем конкурент го откажа учеството на атлетскиот мундијал. По Тајсон Геј, денеска и Асафа Пауел објави дека поради повреда нема да може да трча на 100 метри во Даегу, оставајќи го Болт без никаква конкуренција на најинтересната трка.
Пауел, кој го има најдобриот резултат на 100 метри во 2011 година, повеќе од два месеци се мачеше со незгодна повреда на препоните, што ја заработи на митингот во Будимпешта. Иако лекарскиот тим работеше напорно на негова целосна рехабилитација, агентот на Асафа денеска објави дека овој атлетичар сепак нема да може да му се спротивстави на Болт во саботната трка.
– Бевме во трка со времето и загубивме. Пауел сигурно нема да трча на 100 метри, правиме напори да може да се појави барем во штафетата 4Х100 метри за да се закити барем со еден медал на овој шампионат – соопшти агентот на Пауел.