Партизан: Станојевиќ и Крстајиќ преживеаја - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Партизан: Станојевиќ и Крстајиќ преживеаја

Тренерот на белградски Партизан, Александар Станојевиќ, и спортскиот директор на клубот, Младен Крстајиќ, ќе ги задржат своите работни места во клубот. Ова беше одлучено на маратонската седница на Управниот одбор на „црно-белите“ која се одржа во претпладневните часови во „Хумска“.

 

Станојевиќ и Крстајиќ је преживеаја бурата иако речиси целата српска јавност беше убедена дека тренерот ќе добие отказ, а спортскиот директор најави дека и тој ќе си замине со него. Сепак, највисокото раководно тело одлучи дека состојбата во клубот мора да се смири, а Станојевиќ и Крстајиќ треба да останат и да работат за интересите на Партизан.

 

„Одлучено е дека елиминацијата од Шамрок нема да ги раздрма интересите и стабилноста на клубот и нема да ја наруши структурата на клубот и верноста на нашите навивачи. Беше искажана јасна определеност и ангажираност за остварување на овие цели“, се вели во дел од сооштението на ФК Партизан, каде се нагласува дека тренерот Александар Станојевиќ и спортскиот директор Младен Крстајиќ остануваат на своите функции.

 

Српската јавност во текот на вчерашниот ден веќе го прогласи Зоран Милинковиќ за нов тренер на клубот, а во некои претходни комбинации се споменуваше и името на Вујадин Станојковиќ.   

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.