Партизан го отпушти Николиќ, Чанак тренер против МЗТ Скопје - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Партизан го отпушти Николиќ, Чанак тренер против МЗТ Скопје

Партизан го отпушти Николиќ, Чанак тренер против МЗТ Скопје

Мирослав „Мута“ Николиќ од вечерва повеќе не е тренер на Партизан, откако управата на клубот му врачи отказ по серијата слаби резултати. Иако при потписот на договорот беше најавуван како предводник на долгорочен проект чија крајна цел е создавање и развој на младите кошаркари, Николиќ не ги исполни очекувањата, а на последните натпревари го навлече врз себе и бесот на навивачите.

Раководството на клубот потпадна под притисокот од фановите, па на денешниот состанок на Управниот Одбор беше донесена одлука за разделба со Николиќ, откако Партизан славеше само еден од последните девет меча, севкупно во сите натпреварувања.

Смената на клупата на Партизан доаѓа непосредно пред саботниот дуел со МЗТ Скопје, на кој „црно-белите“ би требало да ги води Ненад Чанак, поранешен капитен на овој клуб кој минатата сезона му беше асистент на Александар Џикиќ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.