ПАОК го сака Мојсов: Знам за интересот, но ќе видиме! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

ПАОК го сака Мојсов: Знам за интересот, но ќе видиме!

ПАОК го сака Мојсов: Знам за интересот, но ќе видиме!

Македонскиот интернационалец Даниел Мојсов е на мета на грчкиот прволигаш ПАОК.

Солунскиот клуб, како што пренесуваат кипарските медиуми, е заинтересиран за ангажман на Мојсов кој на крајот од изминатава година пак го продолжи договорот со кипарскиот АЕК Ларнака.

„Да, слушнав за интересот од ПАОК, но не знам ништо повеќе од тоа. Засега нема ништо официјално“ – вели Мојсов, дополнувајќи дека без разлика на потпишаниот нов договор со АЕК, во фудбалот ништо не се знае.

„Никогаш не знаете точно на што сте со фудбалот. Ако има добра можност за поголем клуб, па и во друга земја, се може да се случи. Сега, секако сум среќен во АЕК Ларнака, го продолжив договорот, но не знам баш што може да донесе иднината“ – истакнува Мојсов, кој беше избран и во тимот на полусезоната во Кипар.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.