„Пандевци“ ги стартуваа зимските подготовки, Илиев е единственото засилување - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

„Пандевци“ ги стартуваа зимските подготовки, Илиев е единственото засилување

„Пандевци“ ги стартуваа зимските подготовки, Илиев е единственото засилување

Македонскиот прволигаш Академија Пандев денеска напладне ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната. Тренерот Панче Стојанов ја изврши прозивката на фудбалерите и ги зададе првите активности за 2018 година. Зацртан е и планот, екипата ќе тренира во својата база до 19 јануари, а потоа се сели во Анталија, каде ќе биде реализирана втората фаза од зимските подготовки до 4.февруари.

akademija pandev start 2
Во редовите на „Пандевци“ засега има едно ново име, десниот бек Томислав Илиев кој дојде од Работнички.

akademija pandev start 3

Прецизирани се и деталите за зимските подготовки во Анталија. Планот е таму да се одиграат седум натпревари, а пет од нив се веќе закажани. Противници се Младост Лучани од Србија, Енисеј од Русија, Сумгајт од Азербејџан, Приштина од Косово и Ниреѓихаза од Унгарија. Другите два противници дополнително ќе бидат договорени.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.