
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Пандев во Наполи е завршена работа
- '
- Објавено: август 25, 2011 22:00
Сагата околу трансферот на Горан Пандев конечно ќе заврши со преселба на најдобриот македонски фудбалер во редовите на Наполи. Италијанскиот клуб веќе извесно време се интересираше за доведување на македонскиот ас, но по инсистирањето на тренерот Мацари челниците на Наполи повторно седнаа на преговарачка маса со Интер.
Италијанските медиуми објавија дека последната средба на двата клуба ги дала посакуваните резултати, Интер ја прифатил понудата од 1,5 милиони евра за едногодишна позајмица на Пандев. Наполи се согласил да плати и поголем дел од платата на нашиот голгетер, а остатокот по се изгледа ќе мораат да го покријат челниците на Интер, со кои што Пандев се уште има валиден договор.
За официјализација на трансферот потребно е само уште клубовите да ја договорат сумата за која што Наполи во јуни 2012 ќе може целосно да го откупи договорот на Горан Пандев. Интер инсистира таа да изнесува 10 милиони евра, што според „наполитанците“ е превисока сума ако се знае дека нашиот ас не е дел од плановите на тренерот Гасперини.
Доколку овој трансфер се реализира, Пандев повторно ќе биде дел од Лигата на шампионите и ќе се сретне со Баерн Минхен, тимот што токму тој го елиминираше во ланската сезона со прекрасен погодок на „Алијанц арена“. Покрај Баерн, Наполи за противници во групата А од Лигата на шампионите ќе ги има и тимовите на Вилјареал и на Манчестер сити.