Пандев во Галата со иста плата - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Пандев во Галата со иста плата

Македонскиот фудбалски ас Горан Пандев ги минува медицинските прегледи во базата на Галатасарај, по што и официјално се очекува да потпише договор со турскиот гигант. Веќе се познати и деталите од договорот. Пандев во претстојната сезона ќе ја добива истата плата која му беше договорена и во Наполи, во износ од 2,3 милиони евра, плус дополнителни бонуси и премии за успеси во турскиот шампионат и во Лигата на шампионите.

Во договорот меѓу Пандев и Галатасарај има уште една значајна клаузула, дека договорот автоматски ќе биде продолжен за уште една наредна сезона, доколку Македонецот оствари 29 настапи како стартер во дресот на Галата, во сите натпреварувања, турскиот шампионат, нациналниот куп и Лигата на шампионите.

Блерим Цемаили ќе потпише тригодишен договор, со плата од 1,8 милиони евра по сезона.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.