Пандев: Со Хрватска нема да имаме 10 шанси, од една или две - треба да погодиме! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Пандев: Со Хрватска нема да имаме 10 шанси, од една или две – треба да погодиме!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, повикува на максимална концентрација кога е нападот во прашање, да се искористат шансите што ќе ги создадеме пред голот на Хрватска. Тој им ја препушта улогата на фаворити на гостите, што е многу реално, но најавува дека Македонија има капацитет да изненади во Скопје, посебно во една еуфорична атмосфера на трибините.
 
 
„Хрватска е фаворит, тука нема дилеми, тоа е селекција што според квалитетот е фаворит и во целата квалификациска група. Но, ние покажавме дека можеме да се носиме со нив на првиот меч во Загреб и сега очекувам во Скопје да одиграме уште подобро, со поддршка од публиката. Можеме да ги изненадиме, но не треба ниту да се залетаме. Ќе ги имаме навивачите во позадина, но тоа не значи дека треба да тргнеме безглаво и да јуришаме кон Плетикоса. Хрватите се искусни, тоа ќе знаат да го казнат. Треба да играме смирено, мудро, да ја чекаме вистинската шанса. Јасно е дека нема да имаме 10 стопроцентни шанси против Хрватска, не можеме да создадеме толку, но ќе имаме две или три, и од нив треба да реализираме. Тоа е клучот“, потенцира капитенот на националниот тим.
 
 
Знае Пандев како треба, редовно стрела за Наполи во Серија А, но немаше среќа на првиот меч против Хрватите на „Максимир“, ја погоди гредата од голот на Плетикоса.
 
 
„Некогаш и среќата ќе застане против нас, но ако играме добро, ако ’гинеме’ за секоја топка, тоа ќе ни се врати. Во Џагреб топката удри во гредата и не влезе во голот, можеби веќе в петок ќе биде поинаку. Најважно е да бидеме мирни, фокусирани, максимално сме мотивирани и на теренот треба да покажеме што знаеме и умееме. Хрватска е силна и покажа дека и од половина шанса знае да победи, како што беше во Загреб. Затоа, треба да бидеме внимателни и да ја чекаме својата шанса“, истакнува Пандев.        

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.