
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Пандев претставен во дресот на Наполи
- '
- Објавено: август 26, 2011 22:00
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев само еден ден откако потпиша едногодишен договор за позајмица со Наполи, ја имаше и својата официјална промоција на „Сан Паоло“ во дресот на „наполитанците“. Пандев во следната сезона ќе го носи дресот со број 29 на Наполи и се очекува да биде големо засилување за тимот на Валтер Мацари.
Од него тоа го очекуваат и новите соиграчи, а прв јавно се огласи Кристијан Маџо.
„Горан Пандев е фантастичен фудбалер и сигурно ќе биде големо засилување за Наполи во претстојната сезона. Ќе сториме се за да се прилагоди што е можно подобро во новата средина, а од него очекуваме да биде еден од нашите адути во Серија А и во Лигата на шампионите. Тоа е фудбалер кој со Интер освои тројна круна, има титули и во Калчото и во ЛШ и дефинитивно ќе ни биде од голема корист“ – изјави Маџо.
Големи очекувања од Пандев има и тренерот Валтер Мацари.
„Зарем мислите дека толку многу ќе инсистирав да го доведеме Пандев, ако не мислам дека навистина може да му помогне на овој тим на Наполи. Со него добиваме уште неколку значајни опции во нападот“ – истакна Мацари.