Пандев пак ќе игра против Баерн М. во ЛШ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Пандев пак ќе игра против Баерн М. во ЛШ

Македонскиот интернационалец Горан Пандев во претстојната сезона ќе го носи дресот на Наполи, а интересно, повторно ќе има можност да ги одмери силите со Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Освен со Баварците, Наполи е во група и со Манчестер сити и со Вилјареал.

 

Пандев беше човекот на одлука за елиминацијата на Баерн Минхен минатата сезона, кога во дресот на Интер го постигна решавачкиот гол за пласман во следната рунда. Раководството на Баерн Минхен долго се обидуваше да го ангажира Пандев во своите редови, но тоа не им успеа. На крајот, македонскиот „ил феномено“ заврши на едногодишна позајмица во тимот од Неапол.

 

Наполи на стартот од групната фаза во ЛШ ќе игра на гостински терен со Манчестер сити, а потоа дома ќе го пречека Вилјареал. Дуелите со Баерн Минхен според распоредот ќе се играат на 18 октомври во Неапол и на 2 ноември на „Алијанц арена“ во Минхен.           

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.