Пандев: Мацари секогаш има доверба во мене - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Пандев: Мацари секогаш има доверба во мене

Горан Пандев конечно ја урна клетвата кога стануваше збор за неговиот пост без постигнал гол во Серија А, па по скоро пет месеци пауза се запиша во листата на стрелци. Македонскиот голгетер не можеше да избере подобар момент за такво нешто, откако токму со својот погодок го реши прашањето на победникот на дуелот со Аталанта, носејќи им на „наполитанците“ минимален триумф од 3-2. Видно расположен по ваквиот развој на настаните, Пандев го посочи тренерот Валтер Мацари како најзаслужен за оваа победа. 

 

Се наоѓавме во криза и сега конечно победивме, така што сега тоа е најважното, а не кој ги постигнал погодоците. Најзаслужен за победата е тренерот Мацари, кој имаше доверба во сите нас и во моментите кога не ни одеше најдобро. Јас лично сум му многу благодарен, бидејќи знаев дека ја имав неговата поддршка и во најтешките моменти, по повредата и при голгетерскиот пост. Тој секогаш јасно ми ставаше до знаење дека верува во мене, среќен сум бидејќи му се оддолжив на најдобар можен начин. Има уште многу за играње до крајот на сезонава, Јувентус е далеку напред, но сметам дека ние имаме сили да го освоиме барем второто место“ – изјави Пандев по натпреварот со Аталанта.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.