Пандев ќе гради комплекс во Струмица и ќе им покаже на клубовите како треба да функционираат - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Пандев ќе гради комплекс во Струмица и ќе им покаже на клубовите како треба да функционираат

Порталот „jugoinfo.mk“ ексклузивно го објави проектот според кој Горан Пандев ќе гради фантастичен спортски комплекс во склоп на „Академија Пандев“, веднаш до стадионот „Младост“ и салата „Парк“ во Струмица. Со овој комплекс, што ќе се гради на земјиштето што Пандев лани го купи од државата, Струмица, а и цела Македонија ќе добијат фудбалски центар каков што треба(ше) да имаат сите македонски прволигаши. Но, нивните раководства повеќе сакаа да си ги крадат парите, отколку да инвестираат.
 
 
 
Како што објави порталот “jugoinfo.mk“, спортскиот центар „Горан Пандев“ ќе содржи зграда со сместувачки капацитети за младите фудбалери, базени, теретани, ресторан и голем фитнес центар. Комплексот ќе има фудбалски терен со вештачка трева и со трибински простор за 400 седишта. Идејното решение е направено по урнек на италијанските фудбалски комплекси за подготовка на фудбалери, таканаречена фудбалска база, каде што се нудат сите потребни услови за тренинг и за натпревари.      
 
 
Со ова, Горан Пандев дава еден одличен пример и за сите останати фудбалски работници во Македонија како треба да се работи и како треба да се вложува во инфраструктурата, затоа што само на тој начин потоа ќе можат да израснат и да се образуваат нови фудбалски таленти во нашата држава. Очигледно дека „Академија Пандев“ го следи европскиот тренд и можеби спортскиот комплекс во Струмица ќе биде изграден и побрзо од „Куќата на фудбалот“ во Скопје, за која трипати се ставаше камен – темелник.       
 
Фото: www.jugoinfo.mk 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.