Панатинаикос со пресврт во последната четвртина ги реши „кралевите“! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Панатинаикос со пресврт во последната четвртина ги реши „кралевите“!

Панатинаикос со пресврт во последната четвртина ги реши „кралевите“!

Панатинаикос стигна до шестата победа во Евролигата славејќи со пресврт против Реал Мадрид во Атина. Грчкиот тим дојде до триумф од 82-80 благодарение на двата поени од слободни фрлања на Џејмс Гист на 15 секунди пред крајот на мечот.

„Кралскиот клуб“ далеку подобро го почна натпреварот па на полувремето имаше предност од цели 14 поени против Грците.

Сепак, во третиот период Панатинакос возврати доаѓајќи до негатива од само пет поени. Сето тоа овозможи да се влезе во неизвесна последна четвртина. Па во драматичен финиш, гостите дојдоа до 80-80 на 17 секунди пред крајот со поените на Лука Дончиќ. Но, по прекршокот од Фелипе Рејес, Гист смирено од линијата за слободни фрлања донесе триумф за „зелените“ од 82-80.

Риверс беше најефикасен кај Панатинаикос со 20 поени, додека Гист мечот го заврши со 15 поени. Во поразениот состав предводеше Лука Дончиќ со 19 поени, дополнети и со 6 скока и три асистенции, а Фелипе Рејес мечот го заврши со 12 поени.

Реал Мадрид го запиша и четвртиот пораз сезонава во деветиот натпревар во Евролигата, додека Панатинаикос со шест победи се израмни со Фенербахче и ЦСКА Москва на делба на втората позиција, а зад водечкиот Олимпијакос кој има седум победи и два порази.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.