Колку пари добиле хрватските платеници за навивачките нереди во Белград? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Колку пари добиле хрватските платеници за навивачките нереди во Белград?

Колку пари добиле хрватските платеници за навивачките нереди во Белград?

Нови детали излегуваат во јавноста по големите навивачки нереди на 156.вечно дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда. Српските медиуми откриваат дека нередите избиле поради внатрешен судир меѓу навивачките фракции на ФК Партизан. Изненадувачка беше веста дека тепачката на трибината на која вообичаено е сместена навивачката група „Гробари“, всушност ја предизвикале државјани на Хрватска, Бугарија и на Грција.

Шестмина Хрвати се примени во болница во Белград со тешки телесни повреди, а српските медиуми откриваат како тие се нашле на дербито во Белград.

Екипата од Сплит била ангажирана од страна на некогашните водачи на навивачката група „Алкатраз“ кои пред неколку години беа исфрлени од трибините. Со изнајмување на луѓе од сплитското подземје, тие се обиделе да ги „освојат“ трибините и повторно да се вратат на тронот, но на крај тоа не им успева.

Луѓето што ги ангажирале да направат нереди, со дебело криминално досие, беа претепани и пренесени во белградските болници со тешки повреди.

Според информациите што излегоа во Србија, секој од платениците наводно, требало да добие по 10.000 евра за оваа работа. Шестмината Хрватите се веќе приведени од српската полиција и наскоро треба да се појават пред Истражен судија, но се претпоставува дека во нередите учествувале уште најмалку двајца Хрватите, и сите од Сплит, еден поранешен ММА борач и шампион на Хрватска во бокс, побегнат затвореник и уште тројца од хрватското подземје. Никој досега од нив не поврзан со навивачки активности, но за добар финансиски надомест сега се одлучиле да се најдат во битката на „Гробари“ за освојување на трибината!

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.