Олимпијакос го доведе Макун - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Олимпијакос го доведе Макун

 Водечките луѓе на Олимпијакос успешно ги финализираа преговорите со Астон вила за трансферот на Жан Макун. Камерунскиот интернационалец ќе пристигне во Атина на едногодишна позајмица, а Олимпијакос ќе му плати на англискиот тим 1,5 милиони фунти за таа „услуга“. Макун беше доведен како големо засилување на Астон вила од редовите на Лион од страна на поранешниот стратег Жерар Улие. Сепак, откако Улие беше сменет, Камерунецот се најде во немилост на новиот менаџер Алекс Меклиш, кој му дозволи да ги смени клупските бои во текот на овој преоден рок. 
 
Интерес за услугите на Макун искажаа и неколку француски прволигаши, но понудата на Олимпијакос беше најдобра, така што камерунскиот репрезентативец својата кариера ќе ја продолжи во грчкиот шампионат. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.