Ока Николов: Македонија има одлични голмани, ќе ’нема зима’ цела деценија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Ока Николов: Македонија има одлични голмани, ќе ’нема зима’ цела деценија

Ока Николов: Македонија има одлични голмани, ќе ’нема зима’ цела деценија

Македонската фудбалска репрезентација денеска го имаше првиот собир под водство на новиот селектор Љубинко Друловиќ, како старт на подготовките за квалификацискиот меч против Словачка во Жилина на 14 јуни. А во стручниот штаб на Друловиќ забележлив лик е новиот тренер на голманите, Ока Николов. Македонскиот интернационалец кој две децении беше голман во Бундес-лигата, има и пет настапи на неофицијални мечеви за нашата репрезентација. Не можеше да има повеќе, затоа што своевремено ќе мораше да се откаже од германскиот пасош.

„Сега сум тука и многу ми е драго што ќе можам да дадам придонес во македонскиот национален тим. Не размислував ниту секунда кога добив повик од Саша Ќириќ и понуда да бидам дел од стручниот штаб на македонската репрезентација. Ова ќе биде големо искуство и за мене, со оглед дека се уште се градам како тренер, а ќе дадам максимум за да им го пренесам моето искуство на голманите во националниот тим“, вели за ЕКИПА, Ока Николов.

oka nikolov 1

Човекот што е извонредно ценет во Германија, работеше и како тренер на голманите во репрезентацијата до 19 години на актуелниот светски првак.

„Работев во стручниот штаб на германската репрезентација до 19 години заедно со Маркус Сорг. Со оглед на тоа, ова не ми е прво искуство во национален тим, па сигурен сум дека добро ќе се снајдам“, дополнува некогашниот одличен чувар на мрежата на Ајнтрахт Франкфурт.

oka nikolov so pacovski

Тој е убеден дека Македонија има квалитетни голмани и дека ќе немаме проблеми со репрезентацијата со „единицата“.

„Како велат овде, ќе ’нема зима’ со голманите. Имаме навистина неколку квалитетни чувари на мрежата кои веќе се интернационалци и се членови на силни клубови. Верувам дека и таму, а во репрезентацијата ќе работат добро и дека голманската позиција воопшто нема да ни биде проблематична“, потенцира Ока Николов.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.