Ојлески од Вардар во Металург - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Ојлески од Вардар во Металург

Ривалството меѓу Вардар и Металург продолжува откако челниците на актуелниот вицешампион решија да го доведат во своите редови доскорешниот член на „вардарци“, Гоце Ојлески. Крилниот ракометар, кој редовно се наоѓа и на поширокиот список на македонската репрезентација, имаше уште една година од актуелниот договор со „вадарци“, но сепак му беше кажано дека неговите услуги повеќе не се потребни во таборот на шампионот. Веднаш потоа Ојлески седна на преговарачка маса со челниците на Металург, па овој ракометар во следните две години ќе го носи дресот на тимот од „Автокоманда“.  
 
Со доведување на некои играчи во мојот поранешен клуб, станав непотребен и морав да го напуштам Вардар. Луѓето од Металург ме исконтактираа и брзо се договоривме. Знаејки ја политиката на клубот во однос на македонските ракометари убеден сум дека нема да има никакви проблеми, а на мене е да се докажам на теренот. Дојдов во клуб со големи амбиции и одлични ракометари и среќен сум поради тоа“ – изјави Ојлески по потпишувањето на договорот со Металург. 
 
„Металурзите“ дополнително се засилија и на позицијата пикер, потпишувајќи договор со 22-годишниот Петар Топиќ. Станува збор за 204 сантиметри висок ракометар, кој доаѓа во македонскиот клуб од редовите на Каштел Адриахем. 
 
Клубот има многу докажани играчи, како и млади таленти. Очекувам напорни подготовки, преку кои се надевам дека ќе изборам место во квалитетниот тим што го има Металург. Можноста да соработувам со Лино Червар, тренер кој освои се што можеше да се освои, ми претставува голема чест и се надевам дека ќе научам многу од него“ –  изјави Топиќ за официјалната веб-страница на Металург. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.