Охрид победи во АБА2, и тоа службено - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Охрид победи во АБА2, и тоа службено

Охрид победи во АБА2, и тоа службено

Македонскиот прволигаш Охрид ја забележа првата победа во рамките од АБА2, и тоа службено откако екипата на Босна го откажа натпреварот против охриѓани што беше закажан за денеска. Причина е огромната криза на босанскиот клуб, чија егзистенција е сериозно доведена во прашање.

Раководството на АБА2 ја потврди оваа информација на својата веб-страница, потсетувајќи и на пропозициите кои велат дека уште еден ваков престап ќе значи и исклучување на Босна од регионалното натпреварување.

Согласно член 71.1.а. од Пропозициите за натпреварување, натпреварот ќе биде регистриран со резултат 20-0 за Охрид, додека Босна нема да добие ниту бод за поразот. Исто така, Босна е казната со 5.000 евра. Ако истиот престап биде повторен, Босна ќе биде казнета со 10.000 евра и автоматски исклучена од натпреварувањето“ – соопштија челниците на АБА2 лигата.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.