Охрид остана без женски фудбал: Екс-шампионот „Билјанини извори“ се откажа од лигата - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Охрид остана без женски фудбал: Екс-шампионот „Билјанини извори“ се откажа од лигата

Македонскиот женски фудбал остана без уште еден клуб, поранешниот шампион „Билјанини Извори“ кој преку соопштение до јавноста информираше дека поради финансиски причини го прекинува натамошното натпреварување во Првата женска фудбалска лига.

Соопштението на ЖФК Билјанини Извори ви го пренесуваме во целост:

По само четири одиграни кола во пролетниот дел екипата на Женскиот клуб Билјанини Извори 2010 од Охрид го напушта понатамошното натпреварување во женска конкуренција на Р. Македонија, и со тоа се става крај на единствениот фудбалски клуб кој го преставуваше градот во Р. Македонија и надвор. Само да потсетиме дека во сезоната 2012/2013 бевме шампиони на Р. Македонија и го преставуваме градот Охрид и Р. Македонија во Лигата на шампионите од 8. до 13. август 2013 година во Финска.

По нашите неколку обиди и разговори со секретарот и одговорните за спортот во Општина Охрид сепак нашите обиди беа безуспешни, и сите трошоци во есенскиот дел и во пролетниов дел се на товар на клубот за превоз, опрема, исхрана на фудбалерките и други неопходни средства. Од општината Охрид немаме добиено ниту денар. Затоа сме приморани да ставиме крај на женскиот фудбал во Охрид, за што ќе мораме да ја известиме и Фудбалската Федерација на Македонија за нашето откажување од понатамошното натпреварување во Првата женска лига на Р. Македонија.
ЖФК „Билјанини Извори“

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.