Охрид, конечно, ќе добие затворен пливачки базен - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Охрид, конечно, ќе добие затворен пливачки базен

Охрид, конечно, ќе добие затворен пливачки базен

Најголемиот домашен туристички центар конечно ќе добие затворен базен. Од Агенцијата за млади и спорт на РМ информираат дека објавен е тендерот за изградба на затворениот пливачки базен во Охрид.

Објектот ќе се простира на површина од 15 илјади квадратни метри, со предвидени трибини со повеќе од 500 седишта, со димензии на базенот од 33 на 22 метри. Со ова по долги години чекање Охрид и охриѓани ќе добијат затворен базен во чии рамки ќе има и деловен простор.

zatvoren plivacki bazen vo ohrid

Вредноста на инвестицијата е околу 5 милиони евра, а како инвеститор се јавува Агенцијата за млади и спорт. Со реализацијата на овој проект, кој треба повторно да ги заживее спортовите на вода по кои Охрид беше препознатлив, значително ќе се инвестира во пливањето и ватерполото кое се спортови со долга традиција во нашиот најголем туристички центар.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.