ОГРОМНА ТРАГЕДИЈА: Во сообраќајна несреќа загина Петар Милошевски - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

ОГРОМНА ТРАГЕДИЈА: Во сообраќајна несреќа загина Петар Милошевски

Македонската спортска јавност утрово ја дочека неверојатна, шокантна информација. Во трагична сообраќајна несреќа животот го загуби спортскиот директор на македонската фудбалска репрезентација, нашиот легендарен голман Петар Милошевски.

Големата трагедија, според се уште неофицијални информации, се случила синоќа на автопатот Куманово – Скопје кога на влез во Скопје возилото со кое управувал претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, било дел од сообраќајна несреќа. Според информациите, Милошевски по сообраќајката им подлегнал на повредите, додека претседателот Илчо Ѓорѓиоски минал со повреди.

humnitarna akcija za bolniot nikola

И двајцата се враќале од Куманово каде учествувале во една хуманитарна акција, ревијален фудбалски меч меѓу фудбалските ветерани од Куманово и од цела Македонија, за собирање финансиски средства за болниот кумановец Никола.

Петар Милошевски (40 години) е поранешен голман на Пелистер и на Вардар, како и на Трабзонспор, Малатија и Енозис, а последните две години ја извршуваше функцијата спортски директот на националните фудбалски селекции.

Наскоро се очекува комплетна потврда и детали околу огромната трагедија од надлежните домашни институции.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.