Официјално од МЗТ: Заминаа Мејси и Томас, Јончевски прв стратег на „металците“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Официјално од МЗТ: Заминаа Мејси и Томас, Јончевски прв стратег на „металците“

Официјално од МЗТ: Заминаа Мејси и Томас, Јончевски прв стратег на „металците“

Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје денеска и официјално го потврди прекинот на соработката со Џеремаја Мејси и Тори Томас, а во наредниот период, Александар Јончевски ќе биде прв стратег на „металците“, после заминувањето на Емил Рајковиќ.

„Управата на КК МЗТ Скопје Аеродром АД би сакала да ја извести спортската јавност кај нас дека денеска и официјално е прекината соработката со американските интернационалци, Џеремаја Мејси и Тори Томас. На двајцата им се заблагодаруваме на досегашниот придонес и им посакуваме успех во понатамошната кариера.

Би сакале и да информираме дека по синоќешната неотповиклива оставка на тренерот Емил Рајковиќ, во следниот период улогата на прв стратег ќе ја има досегашниот помошник, Александар Јончевски. Со ова, истовремено, би ги демантирале денешните шпекулации во медиумите за евентуалните наследници на Рајковиќ и би апелирале во иднина да не се изнесуваат непотврдени информации, кои само му штетат на реномето на нашиот клуб“ – се вели во соопштението на клубот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.