ОФИЦИЈАЛНО – Борко Ристовски две години во Барселона! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

ОФИЦИЈАЛНО – Борко Ристовски две години во Барселона!

ОФИЦИЈАЛНО – Борко Ристовски две години во Барселона!

Борко Ристовски во наредните две сезони ќе го брани голот на Барселона. Сензационалниот трансфер на македонскиот голман што го најави ЕКИПА, доби официјална потврда и од каталонскиот тим и од неговиот актуелен клуб, Рајн Некар Левен.

Ристовски викендов престојуваше во Барселона и ги финализираше деталите од договорот, а денеска трансферот беше официјализиран и од раководството на Барселона.

Македонскиот репрезентативец на голот на Барселона ќе застана од наредната сезона, како замена за Даниел Шариќ кој го напушта каталонскиот тим и кариерата ќе ја продолжи во Катар. Ристовски на голот на Барселона ќе дели минутажа со шпанскиот репрезентативец Гонзало Перес де Варгас.

Со реализацијата на овој трансфер, Борко Ристовски прв пат во клупската кариера ќе игра заедно со својот репрезентативен колега, Кире Лазаров, а Македонија прв пат во историјата ќе има двајца ракометари во најтрофејниот клуб.

Print Borko Ristovski

За Ристовски ова е втор голем трансфер во оваа сезона. Макеоднскиот голман сезоната ја почна во францускиот Кретеј, од каде во ноември минатата година се пресели во Рајн Некар Левен. Извонредните настапи на голот на „лавовите“ во Бундес лигата и посебно во натпреварите од Лигата на шампионите, на Ристовски му донесоа понуда од Барселона и понуда од Рајн Некар Левен за продолжување на соработката. Меѓу двата ракометни гиганти, Ристовски на крај го избра актуелниот европски шампион и повторно враќање во Шпанија каде настапуваше на почетокот од својата интернационална кариера, во екипите на Теукро и на Алгесирас (2006/07).

Во изминатите десет години, Ристовски бранеше и за Металург, Вардар, за германскиот Гумерсбах, Ал Ахли во Катар, Кретеј и за Рајн Некар Левен.

borko 1

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.