Одбојкарите загубија, ама освоија сет - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Одбојкарите загубија, ама освоија сет

Македонската одбојкарска репрезентација доживеа пораз од 3-1 во сетови на гостувањето во Пљевља против селекцијата на Црна Гора. Во драматичен натпревар, во кој сите сетови се играа на разлика, Македонија немаше среќа во завршницата да стигне до триумф. Сепак, освоен е еден сет, па реваншот во Скопје следниот петок ќе биде интересен. Потребна ни е победа, за потоа да ја бараме среќата во „златен сет“.

 

Избраниците на Александар Тасевски одиграа добар меч против Црна Гора, но им недостигаше малку повеќе среќа и концентрација во завршницата на сетовите можеби и за да победат. Во првиот сет Македонија имаше неколку сет топки, меѓутоа не успеа да ги искористи, па Црногорците славеа со 31-29. Истото се повтори и во вториот сет, а домашните одбојкари по многу борба го прокнижија во своја корист со 27-25.

 

Третиот сет и припадна на Македонија. За момент одигравме поконцентрирано и го освоивме сетот со 30-28. Во четвртиот сет повторно тргнавме добро, имавме предност и од четири поени, но на крајот Црна Гора го доби со 25-22 и го заврши мечот.

 

Реваншот се игра наредниот петок во Скопје, а на Македонија и е потребна победа, по што во „златен сет“ би ги барала шансите за пласман во групната квалификациска фаза за ЛОИ 2012.     

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.