Од денеска финални натпревари во Детската лига - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Од денеска финални натпревари во Детската лига

Фудбалската федерација на Македонија продолжува со активностите кои имаат за цел промоција на фудбалот меѓу најмладата популација. Во текот на денешниот ден и во петок на терените во комплексот „Куќа на фудбалот“ ќе се одржи финалниот турнир од ФФМ – Детски лиги за сезоната 2013 / 2014-та. На настанот поддржан од ШПАРКАСЕ и РУДИНЕ ќе учествуваат 56 екипи поделени во седум возрасни категории.

Освен забавниот, рекреативниот, едукативниот и воспитниот, активностите имаат натпреварувачки карактер. На денот на отворањето ќе се одиграат елиминациските натпревари. Наградите и признанијата за најдобрите ќе се доделат в петок кога ќе се одиграат финалните и натпреварите за трето место.

„Во текот на своето растење и созревање на децата им се потребни вистински вредности, а фудбалот е екипен спорт и им помага на најмладите да сфатат дека дисциплината, почитта, колективниот дух и фер-плејот се важни не само во играта, туку и во животот. Мораме да ги почитуваме и негуваме вредностите на спортскиот дух и неуморно да делуваме на негово зачувување. Ги покануваме сите фудбалски љубители да ни се придружат во одбележувањето на финалните натпревари од детската лига на ФФМ“ – вели претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Денеска од 16 часот на терените на комплексот „Куќа на фудбалот“ ќе биде свеченото отварање на финалниот турнир, по што веднаш ќе стартуваат и натпреварите во соодветните конкуренции.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.