Очајниот Вардар понижен во Прилеп, Шкендија до рутинска победа (ФОТО) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Очајниот Вардар понижен во Прилеп, Шкендија до рутинска победа (ФОТО)

Очајниот Вардар понижен во Прилеп, Шкендија до рутинска победа (ФОТО)

Вардар го доживеа и вториот пораз во домашниот шампионат сезонава, но овој пат сосема неочекувано на гостувањето против Победа во Прилеп од 0-1, во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига.

По оној дебакл во Лигата на Европа од Реал Сосиедад, очигледно шокираните „вардарци“ уште еднаш демонстрираа очајно издание по што сосема заслужено се поразени од прилепчани. Составот на Чеде Јаневски играше безидејно против амбициозните домаќини кои стигнаа до победата со голот на Дарко Илиески во 77. минута. По тоа водство се разбудија малку „вардарци“ и со влегувањето на Барсегјан, но иако имаа шанси токму преку Барсегјан и Максимов во финишот сепак не успеаја да дојдат барем до бод.

Сето тоа го искористи Шкендија која убедливо со 4-1 славеше против Шкупи, па дополнително се издвои од Вардар на врвот од табелата.

IMG_2749

Работнички, пак, чекаше, чекаше, и по четири дуели без триумф стигна до втората победа во првенството, сосема заслужено славејќи со 2-0 против Пелистер. Стрелци на головите за „романтичарите“ беа Херера во 18. минута и Дурански во 59. минута.

Skopje - Akademija Pandev 5

Академија Пандев пропушти триумф против Скопје во Автокоманда. Струмичани дојдоа до водство со голот на Грифони во 38. минута, но Мишевски во 84. минута спаси бод за Скопје.

РЕЗУЛТАТИ… ПРВА ЛИГА, 11. КОЛО

Скопје: СКОПЈЕ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-1)

Мишевски 84′ – Грифони 38′

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (2-0)

Херера 18′, Дурански 59′

Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (4-1)
Ибраими 17′, Кривањева (аг) 24′, Хасани 54′, 82′ – Јашаровски 76′

Прилеп: ПОБЕДА – ВАРДАР (1-0)

Илиески 77′

Кратово: СИЛЕКС – РЕНОВА (0-0)

ТАБЕЛА: Шкендија 28 бодаВардар(-2) 19Академија Пандев(-1) 18, Силекс 15Шкупи 12, Пелистер 12, Победа 12, Ренова 11, Работнички(-1) 10, Скопје 6 бода.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.