Обрван: Вугринец најмногу пати поради кризата во Металург - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Обрван: Вугринец најмногу пати поради кризата во Металург

На втората фаза од подготовките на македонската ракометна репрезентација денеска се приклучи и Ренато Вугринец, ставајќи му се на располагање на селекторот Ивица Обрван. Словенецот со македонски пасош работи со полна пареа за да биде во топ-форма за претстојниот мундијал во Катар, но селекторот Обрван го посочи токму Вугринец како ракометарот што е најпогоден од големата криза во која се наоѓа Металург. Македонскиот кормилар во неколку наврати говореше за влијанието на немилите случувања во редовите на шампионот врз репрезентацијата, но сепак потенцира дека самата атмосфера е значително подобрена.

Мислам дека целата јавност нема претстава колку им е тешко на овие ракометари, чија егзистенција зависи од овој спорт, а се уште немаат никаков одговор за својата иднина. Не станува збор само за неисплатените пари, суми што воопшто не се мали, туку и за неизвесноста, за фактот дека не добиваат никаков одговор, што е логично да се одразува негативно врз нивното расположение. Мое лично мислење е дека Вугринец најмногу пати поради кризата во Металург. Да не заборавиме дека тој е странец што игра за Металург и што прифати да настапува за Македонија, па сега искрено сака да остане во земјава, но не добива буквално никаков одговор. Знам дека тој и во изминатите денови во многу наврати се обидуваше да дознае нешто повеќе, но никој од управата на Металург не му крена телефон за да му ја објасни ситуацијата. Тој е професионалец и работи напорно на тренинзите, можам да кажам дека значително ја крена формата, но и расположението во однос на првиот ден кога дојде овде. Тој знае дека ја има поддршката на сите во националниот тим и затоа верувам дека во следните денови уште повеќе ќе напредува, па за СП во Катар ќе биде оној Вугринец од ланскта сезона, кога беше фантастичен во дресот на Металург“ – изјави Обрван.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.