Обрван: Кузмановски и Филип Лазаров ќе играат со Белорусија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Обрван: Кузмановски и Филип Лазаров ќе играат со Белорусија

Обрван: Кузмановски и Филип Лазаров ќе играат со Белорусија

caki bile baner krakov

Филип Кузмановски тренираше со полна пареа на денешниот тренинг во арената во Краков, по што е јасно дека младиот бек ќе биде во комбинација за настап на утрешниот дуел против Белорусија.

Многу играчи се пожалија на удари во текот на вчерашниот натпревар со Норвешка, но очекувам се да биде во најдобар ред и комплетни да играме против Белорусија. Како што гледате Кузмановски е тука и е подготвен да тренира без никакви проблеми. Очекувам да игра и Филип Лазаров, и тоа најмалку оноколку колку што играше против Норвешка. Крај е на шампионатот, но верувам дека уште имаме резерви во себе, дека ќе одиграме квалитетен натпревар и ќе стигнеме до победа, нешто што апсолутно заслуживме со игрите во досегашниот дел од првенството“ – изјави Обрван.

Белорусија на досегашните пет средби забележа само една победа (над Исланд), па македонскиот селектор предупредува дека не станува збор за воопшто наивен ривал.

Белорусите се незгодна репрезентација, со специфичен тип на одбрана која брзо се трансформира од 3-3 во 6-0. По потреба знаат да играат и 5-1, и против Исланд оној најистурен играч беше насочен кон левиот бек, во нашиот случај најверојатно ќе биде обратно, па ќе играат поблизу до Кире Лазаров. Ќе треба добро да се подготвиме за нив, да играме најдобро што знаеме и на крајот да се радуваме“ – истакна селекторот на нашиот национален тим.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.