Обамејанг одлучи, ќе се пресели во Кина за 72 милиони евра - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Обамејанг одлучи, ќе се пресели во Кина за 72 милиони евра

Обамејанг одлучи, ќе се пресели во Кина за 72 милиони евра

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер – Емерик Обамејанг, одлучи да го прифати предизвикот да замине во Кина. Иако претходно ја одби понудата на Тианјин куанжиан, сепак, не можеше да не ја прифати понудата на еден од најдобрите кинески клубови Гвангжу Евергранде.

„Милионерите“ ќе добијат 72 милиони евра за реализација на овој трансфер, а Обамејанг по завршување на сезоната ќе се пресели во Кина и ќе потпише договор со Гвангжу Евергранде. Медиумите во Кина веќе го прогласија овој трансфер за затворен, со оглед дека и германскиот бундеслигаш и интернационалецот од Габон се согласиле да ја прифатат понудата на Гвангжу Евергранде.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.