Нови возбудувања во Монте-лигата - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Нови возбудувања во Монте-лигата

И изминатиот викенд од Монте-лигата помина според очекуваното. Главниот збор го имаа децата од генерацијата 2001, кои што понудија неизвесни, убедливи, но сепак фер и коректни пет натпревари. Наградата за НАЈ-екипа викендов и честење во МекДоналдс отиде кај победниците од првиот натпревар, ‘лошите момци ‘ (Бед бојс) од ОУ Ацо Шопов, кои покажаа одлична игра во текот на целиот натпревар против КРАПОВИТЕ од ОУ Дане Крапчев. Најголем ‘виновник‘ за овој триумф на ‘лошите момци ‘ беше одличниот Атанасијевиќ кој со своите 9 поени придонесе за големата радост на својот тим и затоа беше награден од Монте.

Шостер, Димитриевски, Атанасијевиќ и Милковски беа избраниците на тренерот Ангеловски за играта “Zotinnos Skills challenge”, кои повторно триумфираа, додека од КРАПОВИТЕ учествуваа: Кметовски, Шопковски, Ацев и Грбовиќ.

Во ова коло неизвесен натпревар одиграа и ЕЛЕНИ и ЈУНИОР 2. Елените знаеа како да се справат со кошаркарите од селекцијата ЈУНИОР 2. Иако на моменти резултатот беше израмнет сепак тимот од ОУ Лазо Ангеловски беше цврсто решен победнички да ја започне оваа сезона на натпреварување, а најефиксен и најзаслужен за оваа победа беше Стефов Х.

Најубедлива победа овој викенд забележа Селекцијата ЈУНИОР 1, која уште на стартот ја искористи слабата игра на МАРСОВЦИТЕ од ОУ К.Кепевски и дојде до првите два бода со убедливи 20 поени разлика. По натпреварот ЈУНИОР 1 дојдоа до уште една победа во играта “McDonald$s 2 Open balls”. Гелов и Атанасовски (12 поени ) беа далеку поумешни во шутот од различни позиции од Паметковски и Наков Ф (4 поени). Наградата од Монте за најдобар стрелец ја зема Сибиновски со постигнати 10 поени.


ЅВЕРОВИТЕ од ОУ К.Кепевски не беа доволно страшни за да ги освојат БАСКЕТИТЕ од ОУ Партение З. Иако се дадоа мал број кошеви на овој натпревар, сепак бевме сведоци на интересна игра од двете екипи. Во вкусните пудинзи на Монте овој пат ќе ужива Тасевски И.

ЛАВОВИТЕ од Дане Крапчев беа вистински кралеви и својата моќ им ја покажаа и на МРЕЖИЧКИТЕ од ОУ К.Неделковски. Нивната победа во ниту еден момент не беше под знак прашалник, а Поповиќ со своите 11 поени најдобро се погрижи за тоа.


Своето прво коло го одигра и Генерацијата 97/98. Очекувано е најстарата генерација да прикаже една поинаква кошарка, зрела игра со многу надмудрување и квалитетни потези. ДАНКЕРСИ и БИКОВИ се јавија како победници во стартот на нивниот дел од натпреварувањата. 

РезултатиДанкерс (Кочо Рацин) – Мангупи (Н.Н.Борче) 84-31, Бикови (Коле Неделковски) – Желки (Круме Кепевски) 50-40


РЕЗУЛТАТИ ГЕНЕРАЦИЈА 2001

Бед бојс (А.Шопов) – Крапови (Д.Крапчев 2) 23-22
Јуниор 1 – Марсовци (К.Кепевски) 30-10
Ѕверови (К Кепевски) – Баскети (Партение З.) 12-17
Лавови (Д.Крапчев 1) – Мрежички (К.Неделковски) 31-18
Елени(Л.Ангеловски) – Јуниор 2 20-19


Бeд бојс (о.у А.Шопов) – Крапови (о.у.Д.Крапчев 2) 23-22

Бeд бојс: Едвин М., Дамјановски П., Димитриевски К. 4, Шостер М. 4, Атанасијевиќ В. 9, Стојанов И., Латински А., Трчев И., Стефановски А. 3, Дамјановиќ, Милковски Џ. 4, Вељановкса К.
Крапови: Стојанов А., Грбовиќ Д. 9, Кметовски Д., Шопковски К. 2, Момироски М. 4, Спасевски В., Омеровиќ Х. 3, Калинка Ш., Темелковски К. 6, Ацев В., Стојкоски Д., Ристевски А., Буловиќ-Иванов С.

Јуниор 1 – Марсовци (о.у.К.Кепевски) 30-10
Јуниор 1: Боризовски Б. 6, Петров Д., Димитриевски М., Настевски К. 2, Митев Л. 3, Србиновски И. 10, Димовски Б. 6, Гелов А., Шумковски М., Атанасовки М. 2, Јаќовски Љ.
Марсовци: Паметковски Д. 3, Јовановски Д., Цветановски А., Костадиновски Т., Митревски Д. 3, Димчевски Б. 2, Јанев М., Здравковски М., Воиновски Д. 2, Петков Д., Богданчевски К.

Ѕверови (о.у.К Кепевски) – Баскети (о.у.Партение) 12-17
Ѕверови: Крстевски Н., Митровски А. 3, Милановски Д., Крстиќ Н. 2, Шуланковски Л., Петров Б., Василевски И., Цековска Н. 4, Милошевски С. 2, Какалевски К. 1, Пемпер С.
Баскети: Милановски Б. 2, Тасевски И. 5, Трпески Д., Анчевски А. 1, Трпески А., Јовчевски Љ., Димов В. 3, Прентовски С., Мијоски П. 2, Соколов Т. 4.

 
Лавови (о.у.Д.Крапчев 1) – Мрежички (о.у.К.Неделковски) 31-18
Лавови: Марковски М. 2, Шуперлиска К.4, Гиев Г. 6, Анастасовски А. 2, Вуловиќ Р., Петковски А. 2, Велковиќ А., Спасовски Б. 4, Поповиќ М. 11, Митровски М.
Мрежички: Трајковски Д., Јанакиев С., Џуровски Б. 2, Тренчевски И., Црвенков Б., Илиевски С., Кировски Д. 6, Тошнов М. 3, Шонтевски Ф. 4, Велуновски Ф. 3, Трајковски М.

Елени(о.у.Л.Ангеловски) – Јуниор 2 20-19
Елени: Геговски М., Митевски А., Христовски Н. 4, Стефов Х. 9, Ѓоргиев Г., Спасовски Б. 2, Стаменковиќ В., Шков Л., Србиновски К., Наумовкси О., Лековски., Пепиќ А. 5, Момчиловиќ, Маловчев С. 2.
Јуниор 2: Кузмановски А. 4,Петрушевски Г., Тодоровски Д., Киселовски Л. 2, Ѓуриќ А., Мициќ М. 2, Божиновски Л. 7, Симоновски Ф., Трајчевски М., Арангеловски С., Асенов Д 4.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.