Новата ракометна топка без лепак се лепи на стативи! (видео) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Новата ракометна топка без лепак се лепи на стативи! (видео)

Новата ракометна топка без лепак се лепи на стативи! (видео)

На вонредниот Конгрес на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) во Сочи беа претставени техничките иновации на јапонската компанија Молтен и новата топка без лепак. Компанијата Молтен која е добро позната во одбојката е технички партнер на ИХФ. На барање на ИХФ, Молтен од 2014 година разви нов концепт на топката за која не треба познатиот ракометен лепак.

Новата топка без лепак беше тестирана на последното издание на Супер Глоуб во септември годинава во Доха. По позитивните резултати од тестовите ИХФ размислува за воведување на практика натпреварите да се играат со новата топка.

Но, навидум совршената технологија има и недостатоци кои треба да се доработат за да се избегнат сцени како онаа што ја доживеа Французинот Квентин Мае кога топката со траен лепак, наместо во голот заврши залепена на во аголот на стативата.


Kentin Mahé colle son ballon dans la lucarne… by Handnews

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.